По Play Мusic, сега и Google Play Movies е достапен за македонските корисници

Влегувањето на Google Play сервисите за музика и филм се одлична вест за македонските корисниците кои до сега имаа ограничени пристапи до вакви стриминг сервиси. Но, ако Google Play Music е радост! што го имаме бидејќи нуди бесплатен стриминг на 20.000 песни преку било кој уред, Google Play Movies не е баш толку атрактивен сервис.

Play Movies е онлајн видеотека. Ако сакате да изнајмите филм за 48 часа или додека го изгледате, пример сакате да ги изнајмите култниот The Godfather ќе треба да платите 130 денари; а ако сакате да купите копија ќе треба да платите 440 денари. Но, Google не дозволува закачување на сопствени филмови како со 20-те илјади песни и тоа е проблем. Ако Play Music е одличен сервис за мобилните уреди и може да стрима од било каде, истото не може да се каже и за Play Movies бидејќи гледањето на филм на 4 или 5 инчен екран не е баш најдоброто решение. Тука доаѓа и проблемот со скапиот мобилен интернет бидејќи стримање музика троши многу, многу помалку сообраќај отколку стримање на HD видео. Иако постои опција за симнување на филмот за офлајн гледање, сепак ќе треба да имате доволно простор на телефонот бидејќи филмовите можат да тежат неколку гигабајти.

Можеби предноста на Google Play Movies е што е достапeн и за таблет и десктоп компјутерите кои можат да се поврзат преку HDMI со телевизорите. За таква услуга имате локалана конкуренција како на пример MaxTV што нуди случна услуга, иако Goоgle можеби има поголема листа на филмови. Сепак, прашањето што следи е неизбежно – во Македонија фановите на филмови не се плашат да симнуваат пиратерија, па зошто сега би го промениле мислењето и би купувале филмови за по 10 евра?

[youtube]nt9KI6TxVCQ[/youtube]

1 коментар на “По Play Мusic, сега и Google Play Movies е достапен за македонските корисници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии