По пет месеци, Либија повторно со пристап до Интернет

После пет месеци пауза граѓаните на Либија повторно имаат пристап до Интернет, и со тоа пристап до остатокот на светот. На официјалната веб страница на либискиот телеком стои: „ Либија, ви честитаме за ослободувањето од владеењето на тиранот“.

IT компанијата Renesys која ја следи целата ситуација поврзана со интернетот, изјавуви дека интернетот во Либија на неколку пати бил достапен, па потоа повторно исклучен, предизвикувајќи збунетост за моменталната ситуација во Либија. Според оваа компанија, на почетокот најверојатно биле оневозможени DSL конекции, за потоа Интернетот да биде исклучен на национално ниво.

Појавувањето и повторното исклучување на интернетот најверојатно е директно поврзано со напредувањето на бунтовниците во главниот град на Либија. Иако сè уште не се знае точно зошто дошло до ова, според информацијата која може да се прочита на либискиот телеком, по сè изгледа интернетот моментално е во рацете на бунтовниците. Исто така, се очекува мобилните мрежи поставени од бунтовниците да се спојат со националниот телеком на Либија и да се врати нормалната комуникација преку мобилните уреди.

За време на месеците кога беше отсечена од остатокот на светот во Либија се случија неколку настани кои ја одлучија битката за власт. Првин, во март силите на НАТО, предводени од француските воздухопловни сили, влегоа во либискиот воздушен простор, и до крајот на месецот го победија либиското воздухопловство. Во април, САД ги подзасили воздушните напади со беспилотни летала. Веќе до мај војската на Гадафи беше драстично намалена. Во јуни, Франција ги снабди бунтовниците со оружје. Во јули, бунтовниците брзо напредуваат против либиската влада. Во август, главниот град на Триполи е обиколен од бунтовниците и сега се чини дека е блиску крајот на Мохамед Гадфи.

Враќањето на Интернетот беше прославено и споделено на Twitter од страна на Либискиот народен фронт, т.е. од бутновниците, кои порачаа „Добрeдојдовте до сите наши браќа и сестри од Триполи на Twitter… Интернетот се враќа за прв пат после долго време!“.

Welcome to all our brothers & sisters from inside Tripoli on Twitter… Internet returns to them first time in a long time! #Feb17 #Libyaless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии