По обвинувањето Pornhub отстрани голем дел од содржината

Pornhub ги отстрани сите видеа кои не доаѓаат од официјалните партнери. Отстранувањето на милиони видеа доаѓа по обвинувањата за хостирање на детска порнографија, насилство, силување и слично. Бројот на видеа кои ги хостира платформата е паднат од 13,5 на 7,2 милиони.

Главна причина за брзата акција е прекинот на плаќање со платежни картички. VISA и Mastercard најавија, и запреа со опслужување на Pornhub. Во моментов единствен начин за претплата се криптовалути. Платформата во моментов активно додава повеќе и повеќе криптовалути кои ги прифаќа како платежно средство.

„Како дел од нашата политика за забрана на непроверени поставувачи на содржина, сега ја суспендиравме и целата содржина што не е од верифицирани партнери или членови на Програмата за модели“, вели Pornhub во објавата на блогот на компанијата.

Отстранети се сите непроверени профили и заедно со нив сите видеа кои ги качиле на платформата. Од коментарите на постот на Pornhub изгледа дека платформата има отстрането и дел од профилите кои претходно биле проверени.

Промена има и во преземањето на видеата кои официјално повеќе не може да бидат преземани од непроверени профили. Дополнително најавена е и модерација на содржина, која ќе треба да биде прегледана пред да биде објавена на платформата.

Едни од најголемите противници на промената се „Electronic Frontier Foundation“. Иако не го оправдуваат поставувањата на видеата, не се согласни со начинот на кој Visa и Mastercard можат да влијаат на монетаризација на содржина на интернет. Отстранувањето на платежните картички во моментов ги казнува и сите сексуални работници кои сосем легално работат на платформата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии