По Nuka World, Fallout 4 добива мод и од Nvidia

Доколку сакате да направите мала пауза од последното проширување за Fallout 4 – Nuka World, дефинитивно проверете го Vault 1080! Овој мод доаѓа директно од произведувачот на графички карти Nvidia. Интерниот тим на компанијата, Lightspeed Studio, има работено на модот во последниве шест месеци и ветува озбилна демонстрација во поглед на техничките можности.

Во модот, кој е веќе достапен, ќе започнете нов квест во „трезорот“ 1080, чија големина е слична на останатите засолништа кои до сега ги имате истражувано. Но, ова, се чини, е второстепената причина за постоењето на Vault 1080. Главната причина е демонстрација на напредно волуметриското осветлување, пореални сенки и текстури со какви оригиналната игра се нема окарактеризирано. Ваквото нешто е можно благодарение на специјализираната техника за амбиентална оклузија, HBAO+.

За оние кои пак се повеќе заинтересирани за приказната, тимот има подготвено мрачно и застрашувачко искуство уште и пред да почнете со истражување на подземјето. Имено, ќе треба да поминете низ негостопримливо мочуриште и црква голтната од угнетувачка магла. Наоѓањето на влезот од засолништето отвора пат на ходници полни со извитоперени опасности, а таквото нешто, објаснува тимот, не може, а да не ги промени станарите. Прифаќајќи го мракот и сите блаженства кои одат рака-под-рака со него, жителите на засолништето прават се што може да се направи за да се преживее. Дали таквото нешто е исправно? Или погрешно? Одговорот ве чека длабоко во трезорот 1080, заедно со агонијата на отфрлена човечност и морални начела.

Започнете ја потрагата!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии