По NSA: Европа објави план за враќање на довербата во размена на податоци со САД

Европската Комисија објави план за враќање на довербата во споделувањето на податоци со САД без страв од NSA. Како што откриваат доверливите документи споделени од поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден, aмериканската Агенција за национална безбедност e вклучена во шпионажа на целиот Интернет, од индивидуални таргетирани корисници до прислушување на ЕУ и телефоните на европските лидери. Шпионирањето не помага да се одржат добрите односи помеѓу „пријателите“, изјави неодамна германската канцеларка Ангела Меркел, чиј телефон беше директно прислушуван од агенцијата. Истиот став, ако не и со малку построг тон, го има и Европската Комисија.

„Масовно шпионирање на граѓани, компании и лидери е неприфатливо. Граѓаните на двете страни на Атлантикот треба да имаат доверба дека нивните податоци се безбедни и компаниите мора да знаат дека постоечките договори се почитувани и на сила“, вели евро-комесарката за правда, Вивиен Рединг. „Денес, поставуваме јасна агенда како САД може да работи со Европската Унија да ја врати довербата, и да ги убеди европските граѓани дека нивните податоци ќе бидат заштитени“.

За да ја врати довербата, Комисијата предлага да се креира стратешки план за транс-атлантски пренос на податоци, што вклучува анализа на работата на „безбедносните засолништва“, односно компании кои се задолжени и обврзани според Directive 95/46/EC за заштита на приватноста, за безбедносен пренос на податоци помеѓу двата континенти; а се предлагаат и прифаќања на европските реформи за заштита на податоци, како и посериозна контрола од претседателот Барак Обама врз активностите на агенциите за национална безбедност на САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии