По нападот во Лас Вегас, YouTube ги отстранува видеата за модификација на оружје

Нападот во Лас Вегас е најкрвавото масовно убиство досега. Главната причина за бројот на жртви и повредени се модификациите кои напаѓачот ги направил на оружјето.

Благодарение на дополнителните елементи, во негов случај модифициран кундак, оружјето од полу-автоматско станало автоматско. Ова овозможи бројот на испукани куршуми да биде значително поголем.

За да не им ја олеснува работата на можните идни напаѓачи, YouTube забрани сите видеа во кои се презентира модифицирање на оружје да бидат отстранети од мрежата.

Во време на нападот на YouTube имаше видеа кои покажуваа како се инсталира овој релативно евтин дел. За 100 долари, купавачот успева да да пронајде дупка во законот за оружје кој не дозволува поседување на автоматско оружје. Благодарение на дизајнот, модифицираниот кундак овозможува пушката да се одбива од рамото на пукачот и автоматски да продолжува да пука.

„Долго време имаме пракса која не дозволува штетна и опасна содржина. По трагедијата во Лас Вегас, подобро ги разгледавме видата кои прикажуваат како да конвертирате огнено оружје кое овозможува да пука побрзо. Ја проширивме нашата пракса со забрана за овие видеа“, вели претставник на YouTube.

Иако компанијата е решена да ги отстрани овие видеа, барем засега поголем дел од нив се достапни, јави Gizmodo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии