По нападите во Лондон, Тереза Меј бара строга регулација на интернет

Премиерката на Британија, Тереза Меј побара поголема регулација на интернет. Ова треба да придонесе да исчезне просторот во кој може да се шири тероризмот.

Во терористички напад, сабота навечер во Лондон загинаа 7 луѓе, а повредени се 48. Во два напади во London Bridge и Borough Market. Напаѓачите најпрво со комбе се залетаа во пешаци, а потоа тројца излегоа од комбето и започнаа напад со ножеви во околните ресторани и барови. Полицијата уапси 11 осомничени за овие напади, а тројцата напаѓачи се застрелани.

Построгата регулација треба да биде донесена во саработка со западните партнери. Промените кои ги бара британската премиерка, треба да им оневозможат на терористите беззбедни места онлајн. Засега е најеасно што точно сака Тереза Меј и како планира ова да биде реализирано. Сепак, вообичаено овие барање се во насока на намалување на граѓанските слободи на сите. Без разлика дали се бара пристап до лични податоци или отстранување на криптирањето.

„Не можеме да дозволиме оваа идеологија да има безбедно место да се размножува – но, тоа е токму тоа што интернет и големите провајдери го обезбедуваат .

Мора да соработуваме со младите на демократските држави кои ни се сојузници за да стигнеме до регулиран сајберпростор кој ќе го запре ширењето на екстремизмот и планирањето на терористички напади“, вели Премиерката Меј.

Ова не е прв пат технологијата и интернетот да бидат обвинети како алатки во терористички напади. По нападите во Париз, имаше слични повици, но тогаш се покажа дека напаѓачите воопшто не користеле криптирање на пораките.

Сепак не е само прашањето на технологијата проблем. Речиси никој не се радикализира исклучиво онлајн. Затворањето на јавните страници единствено ги префли разговорите на криптирани платформи, вели професорот Петар Њуман експерт за политичко насилство и радикализација за CNN.

Неодамна Велика Британија донесе контроверзен закон со кој е овозможен пристап до податоците на секој корисник. Овие подоатоци треба да бидат хронолошки зачувани и на барање на властите да им бидат доставени на агенциите. Дополнително, предвидено е агенциите да можат да ги хакираат компјутерите и уредите на лицата од интерес.

1 коментар на “По нападите во Лондон, Тереза Меј бара строга регулација на интернет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии