По Motorola, и кинескиот ZTE претстави „направи-си-сам“ телефон

Кога првпат го видовме Project Ara на Motorola или направете-си-сам телефони изгледаше на одлична идеја, но за која ќе биде потребно подолг период за реализација. Сега и кинескиот производител ZTE излегува со сопствен модуларен телефон ZTE Eco-Mobius. Но, идејата на ZTE засега е единствено концепт, а презентацијата која ја имаа на CES 2014 беше со напомена дека засега станува збор единствено за идејно решение.

„Ќе може самите да ги замените компонентите, идејата е да продолжите да користите дел од нив подолг период, додека е ова можно. Го поделивме модулите на јадро, дисплеј, батерија и меморија… Ќе може да го надградите процесорот со побрзо, едноставно извадете го стариот и ставете нов“, вели Ваијман Лам од ZTE.

Иако е само концепт, моделот на ZTE е далеку поедноставен од Project Ara и ќе биде составен од четири модули: јадро, дисплеј, батерија и камера кои корисниците ќе можат да ги одберат. Јадрото е составено од процесор, RAM и останатите клучни елементи. Делови од јадрото ќе можат да бидат и променети на пример меморијата, која ќе се поврзува со магнетни конектори. За разлика од Motorola, ZTE размислува за својот телефон да побара помош од сите, правејќи го слободен, односно со изворен код. Ова ќе овозможи голем број на стартапи да креираат сопствени модули, вели Денис Вудсиде од ZTE за PCmag.

[youtube]0Vo4gLAorFg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии