Microsoft ги купи Wand Labs да му помогнат со чет ботовите

Тешко дека купувањето на Wand Labs ќе ги заврти погледите кон Microsoft како што тоа го направија 26-те милијарди долари за LinkedIn, но стартапот е можеби поблизок до идејата која Сатја Надела ја има за компанијата. Wand Labs работи со интегрирање на сервиси директно во чет. Оригиналната идеја, која сега тешко дека ќе се оствари, е апликација за соработка, која преку куп функционалности ќе понуди текст пораки, но и музика, или контрола на паметни уреди, пример промена на температурата преку Nest термостат, вели Fast Company.

Оваа технологија одлично ќе се вклопи во идејата на Microsoft за креирање на чет ботови. И првичната идеја на Wand Labs е слична со планот на Microsoft – креирање на персонализирани текст апликации кои ќе им помагаат на компаниите. Microsoft смета дека технологијата на Wand Labs ќе ја зацврсне позицијата на компанијата во ерата на говорна интелигенција, област во која се спојува природниот јазик и вештачката интелигенција, вели Дејвид Ку на блогот на Microsoft.

Стартапот во Microsoft ќе биде дел од тимот на Bing. Не станува збор за премногу вработени, всушност Wand Labs има само седум вработени. „Горд сум на работата која ја заврши тимот, и на она што го постигнавме во овој нов простор. Воодушевен сум што се приклучуваме на компанија со која делиме исти страст и ентузијазам за новата ера, и каде главниот фокус е на конверзацијата. Креирањето на поедноставни искуства за корисниците преку моќта на јазикот е моќна визија, која не мотивира мене и мојот тим.“, вели Вишал Шарма основач на Wand Labs.

1 коментар на “Microsoft ги купи Wand Labs да му помогнат со чет ботовите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии