По купувањето на Solar City, Tesla Motors се ребрендира во Tesla Inc.

Најголемиот производител на електрични возила Tesla Motors се ребрендира, јави Business Insider. Разликата во новото име е малечка, но значајна. Компанијата неодамна ги купи Solar City. Новото име Tesla Inc. покажува дека компанијата сега има повеќе од една дејност. Промената е во склад со планот на Tesla да станат енергетски гигант.

SolarCity ги произведува соларните кровови на Tesla. Минатата година Tesla Motors исплати 2,3 милијарди долари за купување на фабриката. Компанијата планира обичните ќерамиди на куќите да ги замени со соларен кров. Новите соларни ќерамиди не само што произведуваат електрична енергија, туку се и поевтини од сегашните, вели Илон Маск.

Image courtesy of Tesla

Соларните ќерамиди се 2 отсто понеефикасни од соларните панели кои се користат во моментов. Освен крововите Tesla Inc. минатата година започна да изработува и поголеми батерии за домовите. Заедно со соларниот кров, батериите треба да го направат секој дом енергетски независен. Батериите за домовите, заедно со батериите за возилата се произведуваат во Gigafactory.

Image courtesy of Tesla

Kонечно Tesla најави уште една можна услуга за во иднина. Мрежа во која сопствениците на Tesla возила ќе можат да ги изнајмуваат своите возила кога нема да ги користат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии