По Илон Маск и Бил Гејтс и Марк Закерберг ја поддржа идејата за универзален основен приход

Марк Закербер во говорот на Харвард ја поддржа идејата за универзален основен приход. Со ова г. Закерберг им се приклучи на: Илон Маск, основач на Tesla ; Бил Гејтс, основач на Microsoft; Пјер Омидар, основач на eBay и Сем Алтман основачот на Y Combinator.

„Треба да имаме општество кое не се мери единствено по економските показатели како БДП, туку колку од нас имаме улога која ја сметаме за значајна“, рече г.Закерберг во обраќањето на Харвард.

Г. Закербер смета дека со воведувањето на основен приход сите ќе имаат можност да пробаат и да експериментираат со нови идеи. Токму ова е најголема придобивка од универзалниот приход. Ослободени од потребата за работа за да преживеат, луѓето ќе може многу покреативно да се посветат на нови идеи.

„Пронаоѓањето на вашата цел не е доволно. Предизвикот за нашата генерација е да креира свет во кој сите имаат чувство цел.  Оваа генерација ќе мора да се справи со предизвикот на десетици милиони работни места заменети со роботи, како автономни автомобили и камиони“.

Универзалниот основен приход во моментов се тестира во повеќе држави. Канада, Финска, Италија, оваа година со тестови треба да започнат и Шкотска и Холандија. Во САД тестови има единствено во Оукленд, а ги организира Y Combinator. Засега сите тестови се на ограничен број на граѓани. Единствена држава која во која имаше обид за имплементација на основниот приход на ниво на држава е Швајцарија. На референдум граѓаните на Швајцарија не дадоа поддршка на оваа идеја.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии