По Хрватска, Uber наскоро ќе стартува и во Србија со лиценцирани возачи

Дејан Соколоски

во Свет

Image courtesy of Uber

По Загреб, личниот возач пристигна и во Белград. Засега единствено како најава, но Uber бара маркетинг менаџер за Србија, јавува Startit.

Најавата доаѓа речиси истовремено со првото Uber возење по улиците на Загреб. Во главниот град на Хрватска, возачи на Uber можат да бидат единствено професионални и лиценцирани превозници, односно сервисот кој е достапен е UberX. Но, контроверзниот сервис со кој секој може да биде превозник, UberPop, барем за сега не е достапен. Сервисот е потполно легален во Хрватска, а пред влезот претставници на Uber преговараа со претставници на градот Загреб, Министерство за финансии и Министерство за трговија. Влезот на Uber на сите кои се возат во Загреб ќе им овозможи 25% пониска цена од досегашниот превоз, јави Netokracija.

Планот за Србија е ист. Ќe биде достапен UberX сервисот со лиценцирани возачи, иако се чини дека во Србија легализацијата ќе оди потешко, такси лобито веднаш „запна“ за забрана, а министерствата застанаа зад нивните барања. Сепак за легализирање има доволно време. Kомпанијата барем засега се фокусира да го состави тимот во Србија. Позицијата на маркетинг менаџер е втора која се пополнува, откако летото имаше барање за генерален менаџер.

По Софија и Загреб, Белград е трета дестинација на Uber во регионот, засега нема најава за влез во Македонија, па на македонските граѓани им остануваат сличните алтернативи, како Моето Такси или Claxi. Како ќе влијае евентуалниот влез на Uber во Македонија, е тешко да се предвиди, како и дали законодавците ќе се обидат да ги направат потребните измени за влез на Uber.

1 коментар на “По Хрватска, Uber наскоро ќе стартува и во Србија со лиценцирани возачи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии