По Франција, и Германија притиска за повисок дигитален данок

По Франција која пред 1 месец повика на поголем данок за гиганти како Google, Amazon или Apple истото го направи и Германија.

Германскиот министер Олаф Шолц побара од министрите за финансии на државите членки да Унијата да го поддржат францускиот модел за дигитален данок.

„Ако преговорите продолжат како досега, ќе преговараме следни 100 години. Затоа му давам поддршка на францускиот модел и сакаме да и понудиме средства на Унијата“, вели г. Шолц.

Подигањето на данокот за техничките гиганти нема целосна поддршка на државите членки во Европа. Дел како Франција, Германија и Италија бараат поголем данок, но Линхтенштајн  и Ирска на пример имаат поволни договори со дел од компаниите.

Со законот треба да спречи дел од најголемите компании во светот да плаќаат смешно ниски даноци. За носење на законот е потребна поддршка од сите 28 држави членки, за што ќе биде потребно чудо.

„Според предлогот на извршната комисија на ЕУ во март, државите-членки на ЕУ ќе наплаќаат 3% данок за дигиталните приходи на големите фирми кои се обвинети за избегнување на данок со рутирање на нивниот профит до државите со ниски даноци“, јави Reuters.

На средината на октомври францускиот министер Бруно ле Мер, побара да се изнајде политичка воља за даночење на овие компании. „Google, Apple и Facebook треба да плаќаат повеќе данок и време е за одлука“, вели ле Мер.