По Facebook и Twitch ќе се обиде да ги скрие рекламите во нов формат

Најголемата платформа за стриминг на видеоигри Twitch најави нов формат во рекламирањето. Според најавата новите реклами ќе бидат потешки да се блокираат.

Ова е потешко да се направи отколку што звучи. Twitch сака да ги „скрие“ и да направи да изгледаат како и останатата содржина. Истото се обидува да го направи и Facebook, засега со ограничен успех. Ова значи и дека рекламите отсега мора да одат преку Twitch. Придобивка е помалку реклами, помала интрузивност на рекламите за гледачите.

За стримерите придобивката е и поважна. Рекламите помагаат со финансирањето на креаторите на стримот. За сите кои не се љубители на рекламите, Twitch нуди можност за претплата, како за Twitch Prime, така и за претплата на посебни канали.

„Свесни сме дека голем број од гледачите користат софтвер за да не ги гледаат рекламите. Новата технологија ќе ја намали ефикасноста на ваквиот софтвер. Но, како компанија ние сме неопределени кон користењето на овој софтвер. Користете го ако сакате или не, зависи од вас.“

Сепак без сомневање Twitch размислил и околу ова. Речиси е неверојатно дека компанијата ги прави промените без воопшто да ги има предвид блокерите на реклами.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии