По двоењето Bitcoin пробива нови граници, 1 Bitcoin се менува за 3 унци злато

Дејан Соколоски

во feature, Свет

Се чини дека неизвесноста пред поделбата на Bitcoin и Bitcoin Cash беше единствената причина која ја забави криптовалутата.

По поделбата на Bitcoin и Bitcoin Cash, крипто-валутата го надмина претходниот рекорд од 3.000 долари, и достигна 3.400 долари. Ова е речиси три пати повеќе од ценатa која со која се тргуваше со злато (1.257 долари), јави Coindesk. Последниот раст на валутата ја зголеми цената на постоечките биткоини на 56 милијарди долари.

Една од причините за брзиот раст на валутата е мирното решение за внатрешниот спор на развивачите. Мирниот расплет на настаните не беше извесен пред 1 август, но за среќа токму вака заврши. Новата валута Bitcoin Cash им беше доделена нa сите кои поседуваа Bitcoin. Секој кој поседуваше 1 Bitcoin, доби 1 Bitcoin Cash. По поделбата и стабилизацијата, цената на Bitcoin продолжи да расте.

Една од причините за раст на Bitcoin е токму новата валута. Голем дел од корисниците ги продаваат Bitcoin Cash и купуваат Bitcoin и цената на крипто-валутата расте. Дополнително, дел од инвеститорите кои чекаа да го видат развојот на настаните сега започнаа повторно да купуваат.

Во меѓувреме, ситуацијата е завидна и за Bitcoin Cash. Креаторите на валутата сè уште треба да пронајадат рудари за монетите, но берзите почнаа да ги прифаќаат. Coinbase објави дека ја проценува безбедноста на Bitcoin Cash, но ако нема значајни промени, поддршка за крипто-валутата ќе пристигне пред 1 јануари 2018 година. Дополнително, берзата објави дека сите сопственици на Bitcoin ќе ги доибијат и своите Bitcoin Cash монети.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии