По данокот за користење на друштвени мрежи, во Уганда и забрана за користење на VPN

Минатата недела Уганда воведе данок на друштвени мрежи. За законски да ги користат друштвените мрежи корисниците од Уганда треба да плаќаат по 5 центи дневно. Покрај Facebook, данокот ги таргетира и Instagram, Twitter и LinkedIn.

Можеби изгледа симболично, но воопшто не е така. Дневниот данок е 200 угандски шилинзи, а минималната месечна плата 6 000 угандски шилинзи. Така, за секојдневно користење на друштвени мрежи е потребнo да се потроши една минимална месечна плата.

Mногумина сметаат дека новиот данок е обид да се загуши слободата на говор. Секако ова ќе ги затвори друштвените мрежи како платформа за посиромашните жители на Уганда. Властите во Уганда се надеваат дека данокот ќе придонесе за повеќе пари во буџетот. Владата смета дека ова ќе придонесе за дополнителни 100 милиони долари во буџетот.

Дел од граѓаните пронајдоа начин да го заобиколат новиот данок. Наместо да го платат данокот, користат VPN за да пристапат до друштвените мрежи. Поради ова е забележан пораст на користење на VPN во Уганда, јави Techdirt. И наместо да се откажат од данокот, властите одлучија да го забранат користењето на VPN, додавајќи и дека пристапот преку VPN е поскап.

Зошто додавањето на данок за друштвени мрежи е лоша идеја покажа и последната објава на владата на Уганда која беше објавена на Facebook. Ова значи дека еден дел од корисниците нема ни да можат да ги прочитаат објавите од власта која сака да ги користи друштвените мрежи за комуникација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии