По бурните реакции на фановите, Star Wars Battlefront II добива дополнителни промени

Со неодамнешната прилика да се провери Star Wars Battlefront II, бројните фанови бурно изреагираа од клучниот систем кој е врзан со отворање кутии плен и може да им даде значителна предност во мрежниот дел на сите оние кои ќе се решат да трошат вистински пари. Издавачите EA се изјаснија дека ќе извршат промени во системот за да гејмерите не се здобијат со ваквиот впечаток кога играта ќе излезе.

Играта излегува на 17.ноември, но впечатокот е и понатаму ист.

Star Wars Battlefront II може да се игра од сите оние кои се дел од Origin Access програмата. Забележителни се одредени чепкања од девелоперите, но факт е дека оние што ќе потрошат пари пак ќе можат да добијат одредена предност над останатите гејмери; работите кои ги добивате од кутиите со плен и понатаму не се само од козметичка природа.

Но, тоа не е најновата работа поради која корисничката база е разбеснета.

Во Star Wars Battlefront II можете да играте не само со обични војници, туку и со најпознатите ликови од универзумот, релативно незапирливи и крајно убиствени машини како Luke Skywalker, Darth Vader, Palpatine или Chewbacca. Но, оние кои имаат пристап до играта ја направија потребната математика и дојдоа до решение според кое за да играте со Darth Vader потребно е временска инвестиција од неверојатни 40 часа. 40 часа играње за да се отклучи само еден херој.

Од ЕА пробаа да ја оправдаа оваа одлука така што кажаа дека поентата е играчите да се здобијат со чувство на гордост и достигнување секојпат кога ќе отклучат одреден херој, но единствено нешто што постигнаа е да влезат во историјата како најнегативно оценет пост на Reddit (-341,000 поени за неполни 24 часа).

Набргу по скандалот, ЕА повторно се огласи со ветување дека ќе ја намалат потребата за отклучување на хероите за 75%. Кога играта ќе излезе за сите, заинтересираните ќе можат да го отклучат Luke Skywalker или Darth Vader за 15 000 кредити, а не за првичните 60 000. Palpatine, Chewbacca и Leia Organa чинеа по 40 000 кредити, но со ново-настанатата промена, ќе се сведат на 10 000 кредити, а протагонистката од кампањата, Iden Versio ќе може да се отклучи за 5000 кредити.

„Ова е голема промена“, велат од ЕА, „но, е промена која може да се направи брзо. Ќе стапи на сила уште денеска“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии