По Amazon Echo и Google Home, и Apple влегува во трка за автоматизација на домот

Apple работи на сопствен „hub“ кој треба да биде конкуренција на Amazon Echo, но за почеток компанијата ќе го отвори гласовниот асистент Siri за девелоперите да го користат во своите апликации, јави Information. Уредот од Apple засега е во подалечна иднина, иако компанијата вели дека Siri звучник е во изработка уште пред почетокот на продажба на Echo. Можностите на звучникот ќе бидат слични со конкурентите, ќе може да се гасат и вклучуваат паметни уреди, светилки, музика, ќе се испраќаат пораки и ќе местат аларми.

Но, се чини дека овојпат Apple ги копира конкурентите, што не беше случај до сега. Siri е платформа која досега беше затворена, но следејќи го примерот на Amazon кои на девелоперите им ја нудат Alexa отворена, па можат да направат со платформата што сакаат – од креирање на платформа за пуштање на рaдио, до повик на Uber, и одговори на прашања на корисникот.

За уредот на Apple да биде конкурентен ќе мора барем да ги прави истите работи како и Amazon Echo. Мала предност на Apple е што Siri работи со повеќе јазици, но најверојатно во догледно време нема да бидат ни приближно отверена како платформата на Amazon.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии