По 9 години немирите во САД ги разбудија Anonymous

Хактивистите Anonymous најавија повторно активирање. Причина за враќањето е полициската бруталност и убиството на Џорџ Флојд. Г. Флојд беше убиен од полицаецот Дерек Шовин, кој сега е уапсен и обвинет за убиство од небрежност.

По убиството на Џорџ Флојд групата која до пред неколку години беше почеста во вестите, повторно започна со напади. Anonymous се познати по нивните напади на Сциентолошката црква, ИСИС, вклученост во Арапската пролет. Симбол на групата е маската на Гај Фокс од V for Vendetta.

Прва жртва на омилената алатка на Anonymous, DDoS напад, е веб-страницата на полициската станица во Минеаполис. Distributed Denial of Service (DDoS) е прилично несофистициран напад со кој серверите се преплавуваат со податоци се додека не можат да го поднесат ова оптоварување и не престанат да работат.

Во друг напад една помала помошна страница на Обединетите Нации е направена „споменик“ на г. Флојд. Целата содржина е заменета со неговата слика и порака „Почивај во мир“, заедно со логото на хактивистите.

На микро-блогот Twitter може да се пронајдат и вести за тоа дека хактивисти ги преземаат фреквенциите на полицијата и пуштаат музика на каналите за да ја спречат комуникацијата.

Со оглед на тоа дека станува збор за децентрализирана група, не е едноставно да се одговори на прашањето дали навистина групата во целост е зад овие напади. Хактивистите претходно и објавија војна на тајната расистичката организација Кју Клукс Клан, но и на организацијата #BlackLivesMatter.

1 коментар на “По 9 години немирите во САД ги разбудија Anonymous

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии