По 17 години криење бегалец пронајден со дрон

Дејан Соколоски

во Свет

Кинеската полиција со помош на дрон успеа да го пронајде бегалецот Сонг Џијанг. Тој 17 години се криеше во пештера, која беше откриена со прелет на дрон. Претходно полицијата добила дојава од анонимен извор за локацијата на г. Сонг.

Бегалецот отслужувал казна за трговија со жени и деца, но во 2002 успеал да побегне од затворот, вели BBC.

Неколку недели полицијата се обидела да ја открие локацијата пеш, но откако не успеале да ја пронајдат пештерата надлежните во потрагата испратиле дронови. Со помош на леталата успеаја да забележат кровови од лим и да ја пронајдат пештерата во која се криеше г. Сонг.

Пештерата е во близина на градот во кој живеел, во провинцијата Јунан. Г. Сонг речиси и немал никаков допир со цивилизација, освен пластичните шишиња во кои си носел вода од реката. Поради ова имал проблеми во комуникацијата со полицијата.

Сега г. Сонг е вратен на во затворот каде продолжува со отслужување на казната.

Ова не е првпат во Kина да се користи современа технологија за откривање на бегалци. Минатата година во април полицијата во кина со помош на технологија за препознавање на ликови на концертот на Џеки Чеунг кој го следеа 60 000 посетители успеа да препознае бегалец.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии