Плочите со зголемена продажба, за зголемено производството е потребна нова технологија

Последниот месец од 2016 за прв пат по многу долго време, продажбата на плочи ја надмина дигиталната продажба на музика во Британија. Првата недела од декември плочите заработија 2.4 милиони фунти, а заработката од дигиталната продажба беше 2.1 милиони фунти.

Продажбата на винилски плочи е ограничена од производството. Ова е една од причините поради која за винил, аудиофилите треба да чекаат и еден месец по излегувањето на дигиталната верзија. Дополнително, процесот на креирање на плочи е стар и потребно му е осовременување.

Компанијата Viryl Technologies се обидува да го надмине овој проблем. Warm Tone е компактно решение кое овозможува печатење на аудио плочи на едно место. Машината е целосно автономна и доаѓа со куп сензори кои мерат сѐ, од температура до притисок. Засега има само еден прототип, но компанијата најавува дека наскоро ќе биде оперативна уште една машина, јави Engadget.

Warm Tone може за еден ден да отпечати до 4.000 плочи, а производителот најавува шест вакви машини со производство од 24.000 плочи. Ова би требало да биде доволно да ја задоволи повторно пронајдената „глад“ за физичкиот формат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии