PlayStation Plus слави десет години постоење

Верувале или не, PlayStation Plus услугата постои цела деценија. Sony го одбележува достигнувањето со подарување три наместо стандардните две игри, како и бесплатна тема. Во месецот јули, љубителите на кошарката, ја добиваат NVA2K20, a фановите на Лара ќе можат да се втурнат во епски истражувања со втората (и најдобрата) игра од трилогијата. Како трета игра, го добивате и напнатото филмско искуство – Erica!

Преку месечна претплата, PlayStation Plus овозможува онлајн играње, ексклузивни попусти на игри, како и две игри кои можете да ги играте кога сте претплатени на услугата.

Неделата ќе биде одбележана и со бесплатна тема за PS4. Темата ќе се нуди на играчите само за краток временски период, а сеуште не се знае дали ќе биде статична, или динамична. Од Sony, ја споделија и следнава слика која ја одбележува деценијата со неколку интересни податоци.

PS Plus 10th Anniversary
Сеуште немате PS4? Ова се 5 работи што мора да ги знаете доколку планирате да се подновите со конзолата!

Последниве 10 години се подарија еден куп игри. Решивме за секоја година да извлечеме по еден наслов кој особено ги израдува претплатниците.

2010 – Wipeout HD PS3

2011 – Streets of Rage 2 PS3

sega genesis classics review

2012 – inFamous 2 PS3

2013 – Uncharted 3: Drake’s Deception PS3

Uncharted 3: Drake's Deception - Desert Village Gameplay (HD ...

2014 – Batman: Arkham City и Batman: Arkham Asylum PS3

Batman: Arkham Knight review: The Batman's final chapter - CNET

2015 – Rocket League PS4

Rocket League Game | PS4 - PlayStation

2016 – Journey PS4

2017 – Until Dawn PS4

ReadersGambit - Until Dawn (PS4 Review)

2018 – Bloodborne PS4

Controlling Your Experience Will Be The Key Feature of The PS5

2019 – The Last of Us: Remastered PS4

2020 – Која игра највеќе ви се допадна годинава? Која навистина би ве израдувала? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии