PlayStation го сака Spotify; старуваат заеднички музички сервис за гејмерите

PlayStation најави нов музички сервис PlayStation Music со ексклузивно партнерство со сервисот за стримање Spotify. PlayStation Music веднаш ќе биде достапен на 41 пазар низ целиот свет, јави компанијата на својот блог. Но, не сме сигурни дека сервисот ќе биде достапен во Македонија бидејќи за Spotify се уште има ограничување.

„Може да го користите Spotify додека ги играте вашите омилени игри на PlayStation 4 и да ги додадете вашите омилени песни во игрита која ја играте. Сакате рок за интензивен Destiny Raid? Или олдскул хип-хоп додека играте Madden NFL. Со над 30 милиони песни и 1,5 милијарди плеј-листи, Spotify on PlayStation Music е подготвен за вас“

Сепак за корисниците кои сакаат да ја користат Spotify Premium услугата ќе биде потребна претплата, за останатите останува Spotify Free која е достапна бесплатно. Новиот сервис ќе го затвори претходниот Music Unlimited, кој ќе биде затворен на 29 март. PlayStation Music за почеток ќе биде достапен на PlayStation 4, PlayStation 3 и Xperia телефоните и таблет компјутерите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии