PlayStation гејмерите ги очекува четири месеци од бесплатни игри и понуди

Минатата година PS4 гејмерите успеаја бесплатно да ги зграпчат Nathan Drake Collection и Journey. Игрите беа понудени како дел од кампањата Play at Home, со која Sony проба да апелира гејмерите да седат дома и да практикуваат социјално дистанцирање преку играње игри.

Истата кампања се враќа и годинава со она што се чини како значително поголем замав. Овојпат, од Sony ветуваат четири месеци бесплатни игри и привлечни понуди за најразлични услуги.

Првиот бран ќе дојде на 1.март, a ќе ја донесе феноменалната игра Ratchet & Clank. Сите оние кои ќе ја зграпчат играта за нивната конзола ќе можат да ја задржат засекогаш, дури и доколку некогаш ја избришат.

Play At Home returns: Four months of offers for PlayStation games and entertainment begin March 1

На 25.март сите оние кои ќе започнат пробен период од 15 дена за Funimation, бесплатно ќе можат да ја користат услугата дополнителни 90 дена. Funimation е претплатнички сервис за аниме инспирирани видео содржини и со оглед на тоа како ваквото нешто знае да биде заклучено во нашиот регион, искрено се сомневаме дека повеќето од нас ќе можат да ја искористат понудата.

Се чини дека на сличен урнек ќе наидеме и во наредните месеци. На почеток на секој месец – игра, а при крајот бесплатна или поевтина претплата на одредена услуга. Така, се до јули!  

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии