Playstation 4, најновата конзола на Sony ќе пристигне во Македонија, и во останатиот дел во Европа, на 29-ти јануари, стои на банерот на се-уште-неотворениот салон на Sony карши поранешниот МcDonalds, во Скопје. Цената на конзолата ќе биде според очекувањата, односно околу 400 евра, или 24.990 денари. Од објавувањето во ноември до сега Playstation 4 се продаде во над 4 милиони примероци, што е скоро за еден милион повеќе од конкурентната конзола на Microsoft, Xbox One.
Тоа што дополнително ќе ги израдува гејмерите е што Sony најави дека до крајот на јануари ќе објави уште 70 наслови на познати видео игри кои ќе дебитираат на конзолата. Листата на игри ги вклучува Destiny, Metal Gear Solid: Ground Zeroes и култната Diablo 3.