Sony повторно има проблеми откако хак-триото кое се нарекува „Тројцата мускетари“ го објави LV-0 клучот кој дозволува пристап до најосетливите делови од PlayStation 3. Oва ќе дозволи хакираните конзоли да се приклучат на PSN мрежата, односно да се играат пиратски игри, иако Sony воведе пракса конзолите кои користат firmware да бидат искучени од PSN.

„Тројцата мускетари“ тврдат дека го откриле LV-0 клучот поодамна, но се решиле сега да го објават откако кинеска хак-група  „BlueDiskCFW“ реши да го модифицира и продава  Решението е со цел никој да не може да профитира од продажбата на клучот.

„Можете да бидете сигурни дека ако не беше ова излегуваат во јавноста (се мисли на BlueDiskCFW), овој клуч никогаш немаше да го види светлото на денот. Стравот дека нашата работа нема да се искористи од страна на други кој би можеле да го продадат, не принуди да го објавиме сега.”

Eurogamer одлично ги објаснува проблемите со кои ќе се соочи Sony во иднина.

„Иако Sony речиси сигурно ќе ја промени лозинката со 4.3 надградбата, објавувањето на клучот значи дека безбедносните надградби кои ќе ги издаде Sony во иднина ќе можат да се декриптираат. LV-0 клучот ќе овозможи и сите „firmwares“ да се де-енкриптираат на PC и повторно да се енкриптираат со 3.55 клучевите со цел да работат на хакираните конзоли.“

Се чини дека на проблемите на Sony им нема крај, по безбедносното фијаско на PS мрежата, нападите на LulzSec до првиот jailbreak на GeoHot на конзолата која беше најавувана како целосна заклучена и безбедна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии