Плати колку сакаш за Raining blobs, македонската игра со кул јапонски дизајн

Развиена од Енди Милојкоски, Raining blobs никогаш не можеше да биде мобилна апликација како што започна. Сложувалката со кул јапонски дизајн нуди многу повеќе од едноставен гејмплеј што може да се има на екран на допир. Наменета е за сериозни играчи, бара брзи реакции и до шест противника кои пред себе имаат вистински предизвик. Затоа и беше целосно редизајнирана за вистинските гејмери, и конечно е достапна за PC, Мac и Linux.

Промената на планот му овозможи на Енди да ја направи играта поинтересна и да ја објави на неколку гејминг платформи како Itch.io и Steam Greenlight каде доби над стотина коментари, кои се главно позитивни. Ако се одобри ќе може да се продава на Steam, што е успех сам по себе.

Но, сега Raining Blobs е достапна и на IndieGameStand каде е ставена на промоција по цена која вие сакате да платите. До сега со промоцијата играта е симната над 70 пати за просечна цена од околу 70-тина денари. Најмалата сума е неколку денари, но ако платите повеќе, пример над просекот ќе отклучите дополнителна содржина, а за 10 долари или повеќе ќе добиете уште две игри.

[youtube]7mXlQElBiMg[/youtube]

1 коментар на “Плати колку сакаш за Raining blobs, македонската игра со кул јапонски дизајн

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии