Платформата мЗаедница е добитник на European Youth Award

Платформата мЗаедница е добитник на European Youth Award(Европска награда за млади) во категоријата Активно граѓанство како дигитално решение со влијание врз општеството. European Youth Award е европско движење за млади иноватори кои со помош на дигитални технологии го подобруваат општеството.

mCommunity е интерактивна дигитална платформа која им овозможува на граѓаните на Општина Карпош во Северна Македонија ефикасно да комуницираат со локалните власти преку концептот на учество во мобилната телефонија. Овој проект е извонреден заради фактот што тој е единствениот проект во оваа категорија кој има мерливи и опипливи резултати кои имаат директно влијание врз подобрување на квалитетот животот на граѓаните. (мЗаедница) Го надминува постојаниот предизвик на мало учество на јавноста, поради традиционалните методи како што се јавни состаноци и други форми. Во времето на апликација на проектот, платформата мЗаедница има 578 активности во форма на барања регистрирани од жителите пример: рециклирање, подобрување на инфраструктурата и благосостојба. Меѓу многуте решенија што ги дава општината со 54% ​​стапка на одговор, најрелевантна е реконструкцијата на 52 игралишта за деца, вклучително и развој на објекти за деца со посебни потреби. Во однос на одржливоста, иако може да има предизвици со промената на локалната власт, овој проект има потенцијал да се прошири и во другите општини во земјата, што го прави одлична можност за зголемување на учеството на јавноста, што е еден од клучните столбови на демократија. – вели жирито на ЕYAА за мЗаедница.

За жал мЗаедница сè уште е достапна исклучиво за Општина Карпош, иако без сомневање може да се прошири и на останатите општини. Станува збор за интерактивна платформа, комбинација на веб-страница и мобилни решенија. Апликацијата е едноставна за користење и на граѓаните им нуди неколку корисни функционалности: да пријават проблем; да понудат некој предлог; или да започнат иницијатива.

Платформата мЗаедница е развиена од Кристијан Трајковски и Моника Јадревска, нарачател и сопственик на апликацијата е невладина организација Блинк 42-21, а мЗаедница е финансирана од УСАИД. Изработени се iOS и Android верзии на апликацијата и достапни се за преземање од соодветните продавници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии