Платежни картички со отпечатоци од прсти како заштита

Mastercard во Јужнa Африка претстави платежна картичка со читач на отпечатоци како заштита. Отпечатокот е замена за пинот и функционира слично како и на паметните телефони, за потврда на трансакцијата, јави BBC.

Иако отпечатоците од прсти не се потполно безбедни и може да се надмине и оваа заштита, сепак се многу побезбедни од моменталната технологија. Картичките се „заклучени“ со пин, кој потоа се користи за потврда на исплатата. Безбедносни пропусти овозможуваат лесно откривање на пинот кај Visa картичките. Дополнително, отпечатоците од прсти се пробиваат и од фотографија.

Картичката ќе функционира со сегашните апарати за наплата и нема да биде потребна никаква дополнителна инвестиција од сопствениците на продавницата. Ова не е прва платежна картичка која го користи отпечатокот за поголема безбедност. Сепак, претходните користеа специјален читач, а на оваа картичка сензорот е директно на картичката.

Дури и технологијата да функционира во 100% од случаите како што намислите во Mastercard, сè уште не е надминат најголемиот проблем. Кредитните картички најчесто се злоупотребуваат онлајн. Читачот на отпечатоци најверојатно воопшто нема да може да помогне во овој случај.

Засега единствена иновација која нуди побезбедни онлајн плаќање доаѓа со Motion Code технологија. На овие картички наместо фиксен CVV, се генерира променлив број кој се менува на секој час по случаен избор. Ова ќе ја направи онлајн злоупотребата на картички многу потешка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии