Платете за да не се објави видеото како гледате порнографски содржини, најновата тактика на хакерите

Бегај на страна ransomware, хакерите си имаат друго милениче сега, a неговото име е porn-view ransom.

Во последно време, еден куп корисници добија мајлови кои бараат корисниците да платат во Bitcoin доколку не сакаат нивното видео како гледаат порнографија да биде објавено на сите Facebook и на сите и-мејл контакти. Звучи смешно на прв поглед, барем се додека не погледнете подолу во мејлот каде пишува се наоѓа лозинката која сте ја користеле за да се логирате на порнографскиот сајт. Во тој момент, изјавата дека сте хакирани и дека видео од ваши слободни активности ќе биде проследено на сите контакти знае да ве загрижи.

Но, само за момент.

Треба да се внимава на неколку работи. Дали видеото е прикачено со и-мејлот? И да е прикачено, дали треба да го пробате да го прегледате и да ризикувате да закачите вирус во процесот. Хакерот вели дека видеото е од вас, но кликнување на него може да донесе нова серија од непријатности. Ваквите мејлови се праќаат само на жртви кои вистински биле хакнати и хакерите ги користат деталите кои ги зграпчиле од некој одделен напад. Што значи, доколку ја имате сменето лозинката нема за што да се грижите.

Наспроти нашата прва реченица, porn-view ransom не е застапен со иста мерка како стандардните форми на ransomware, но сепак е интересно како хакерите изнаоѓаат нови начини да печалат на стравот на корисниците. И тоа не малку пари. На корисниците барале 2500 евра за таквото нешто. На оние кои би добиле ваков и-мејл се препорачува да го пријават истиот на Action Fraud за да се подобрат мерките кои се преземаат за ваквите измами. Не заборавајте и да ја промените лозинката на сајтот кој сте го посетувале, како и да проверите дали вашиот и-мејл некогаш бил хакнат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии