Планови за американски воен дрон пронајдени на скриениот интернет

Засега неидентификуван хакер на скриениот интернет (dark web) продавал податоци за американски дрон. Продажбата на плановите на леталото ја откри Андреј Баришевич од безбедносната компанија Recorded Future.

Напаѓачот успал да искористи погрешно конфигурирана опрема (рутери од Netgear) и дошол да податоците. Добра вест е дека ниту еден од податоците кои беа на продажба не се тајни. Ова можеби и може да се забележи од цената која беше околу 150 долари.

MQ-9 Reaper е воено летало кое се користи за извидување, но и за напад врз воени цели. Тоа што на интернет се појавиле планови од леталото секако е сериозен проблем, најмногу ако до нив дојде друга држава, но и фундаменталисти. Иако според она што е споделено досега, купувачот единствено би можел да ги процени опасностите од леталото.

Прашањето за поголема онлајн безбедност беше и дел од предизборната кампања пред неколку години. Се чини дека сепак или е тешко да се остварат ветувањата, или ветувањата се заборавени.

Она што е посериозно е што идентитетот на продавачот е непознат. Нема докази дека припаѓа на странска држава, што можеби и е за очекување со оглед на тоа дека плановите се на продажба. Засега е нејасно дали кражбата можеби е внатрешна „работа“, а плановите можеби ги продава за заработка.

Освен плановите на беспилотното летало г. Баришевич забележал и упатство за користење на тенк, јави Wall Street Journal.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии