Планот на Facebook е футуристички сон со AI, дронови и виртуелна реалност

Вештачка интелегенција, виртуелна реалност и летечки интернет се дел од десет годишниот план на Facebook за иднина, кој беше откриена на конференцијата F8. Летечкиот интернет е дел од проектот Internet.org за целосно покривање со интернет и достапност насекаде. Сателите, беспилотни летала и друга технологија ќе се користи за достапност до Интернет каде не може да се покрие со кабли. Соларното летало на Facebook е една од технологиите на кои работи компанијата која ќе овозможи пристап до локациите без инфраструктура.

Откако овој проект ќе биде финализиран, односно кога ќе има 3 милијарди корисници, компанијата ќе имплементира вештачка интелегенција која ќе препознава кои содржини корисниците ги читаат и разгледуваат. Идејата е компјутерите да ја анализираат содржината, пред се видеото на ист начин како и луѓето. На конференцијата беше демострирана куса презентација, која иако импресивна, сепак покажува дека има уште време пред финализирање на овој проект.

Artificial intelligence can help us understand what's happening in video, images and text so we can be smarter about…

Posted by Mark Zuckerberg on Thursday, 26 March 2015


Конечно Facebook сака сите овие содржини да ги понуди во виртуелната реалност, а токму тука е своето место ќе го пронајде Oculus Rift. Виртуелната реалност треба да овозможи позначајна интеракција со пријателите, креирајќи околина во која корисниците ќе бидат во можност за седат заедно без разлика каде се наоѓаат, неодамнешната презентација на Samsung е можеби одличен пример за можностите на виртуелната реалност, иако идејата на Facebook е интеракција во дневна соба, на врв на облакодер и секое место кое може да го замислиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии