Планирате да користите Linux? Не купувајте Lenovo лаптоп

Дејан Соколоски

во Хардвер

Неколку од најпопуларните лаптопи од Lenovo, немаат можност за инсталирање на Linux. Станува збор за дел од серијата лаптопи на Lenovo, Yoga. Засега пропустот е забележан и потврден за неколку модели:

  • Yoga 900,
  • Yoga 900S и
  • Ideapad 710S.

Лаптопот не е нов, во продажба е неколку месеци, па можеби изненадување е што проблемот е забележан волку доцна.

Гневот на дел од корисниците го разбуди коментар на форумот на Best Buy, од корисник, кој изгледа дека е вработен во Lenovo. Тој објасни дека причина за забраната е договорот кој Microsoft го има со Lenovo. Сепак, проблемот е во драјверите и кернел поддршката за SSD со RAID.

b7gmpfl

„За подобри перформанси индустријата се предрла на RAID на SSD, а Lenovо е лидер во промените. Компанијата не блокира корисници од користење на други оперативни системи на своите уреди, но другите оперативни системи мора да издадаат соодветни драјвери.“, пренесе TechRepublic.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии