Планирајте го излегувањето со Week.End, нова платформа која ќе ви помогне во процесот на одлучување

Week.End е нова платформа која им помага на корисниците да си пронајдат место на кое ќе се забавуваат. Платформата промовира настани и музички артисти. WeekEnd е дело на три девојки, Лорета Слабева, Илинка Ставрова и Ева Слабева. Еве што велат девојките за развојот на платформата.

Како дојдовте до идејата за Week.End?

Инспирацијата дојде од повеќе проблеми за кои сметавме дека ние имаме решение. Дел од тие проблеми се: Како да дознаете каде вечер во градот има тип на забава која Ви одговара токму вам, како да дојдете до резервација во локалот доколку менаџерот не Ви е пријател или го немаат објавено својот број за резервации на некоја фан страна, Како да им помогнеме на менаџерите кои денес мораат да бидат достапни 24 часа на телефон за да не пропуштат резервација и како да им направиме поголема прегледност во нивната клиентела.

Заклучивме дека во Македонија не е проблемот тоа што немаме опции каде би оделе, туку проблемот е што тие опции не се сортирани на едно место за да би можел корисникот да има соодветен преглед и избор.

Што е Week.Еnd и како функционира?

Week.End е иновативна веб платформа за промоција и резервација на угостителски објекти како и промоција на настани и музички артисти. Начинот на кој функционира е многу едноставен, отвараш weekend.mk , креираш профил, пребаруваш по настани, артисти или локали, одбираш каде ќе одиш, ја правиш резервацијата и тоа е сѐ.

Кој е тимот кој стои зад платформата Week.Еnd?

Тимот на Week.End го сочинуваат три жени :) Лорета Слабева- основач и управител, Илинка Ставрова – технички директор и Ева Слабева – шеф на маркетинг и продажба. Во процесот на развивање исто така е вклучен и тим на надворешни соработници составен од програмери .

Кои технологии ги користевте за развој? Имаше ли некои специфични предизвици при развојот?

Апликација е развиена со помош на PHP технологија. Специфични предизвици немаше, секако имаше потешкотии со кои моравме да се справиме, но благодарение на тимска работа ги надминавме.

Како планирате да ги привлечете локалите и музичките артисти?

Ќе им го објасниме за процесот на дигитализација, колку тој процес е битен и во голем замав на нашата територија. Ние на клиентите им нудиме комплетен софтвер кој го заменува процесот на рекламирање, менаџирање и промовирање на настаните , како и помош на организацијата во секојдневното работење. Корисниците веќе се изјаснија дека имаат потреба од ваква апликација , се надеваме дека и угостителите и музичките артисти ќе одговорат на оваа потреба од нивната клиентела.

Колку време работите на платформата?

Платформата како идеја е започната во ноември 2017 , а со реализација започнавме во јануари 2018 година.

Кои се плановите за иднина?

Приоритетен план ни е да работиме на развивање на Android/iOS апликации. Исто така во моментов работиме на уште една платформа која би била мост помеѓу угостителите и музичките артисти и би им овозможувала полесен контакт и букирање. Во поблиска иднина ни се вметнати систем за наплата, кој би олеснувал во процесот за резервации доколку локалите наплаќаат влезници и автоматско зафаќање или ослободување на маса во локалот со помош на NFC тагови.

1 коментар на “Планирајте го излегувањето со Week.End, нова платформа која ќе ви помогне во процесот на одлучување

  1. Guuys guyyys, абе сајтов нема никаква валидација ееј, за ништо, ни на регистрација, ни на резервации, на ништо!!!
    Дајте малку поозбилно гаајс

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии