Place, eдно платно и милиони цртачи

На 1 април, како дел од социјален експеримент, Reddit на своите корисници како шега им овозможи на празно платно (Place), да остават еден пиксел во некоја од 16 бои. Секој пиксел се поставува рачно, а следниот корисникот треба да почека 5 до 10 минути. Експериментот траеше 72 часа, сега е достапен за разгледување, но не и за едитирање.

„Има празно платно.

Може да оставите плочка на него, но мора да чекатe за следната. Индивидуално може да креирате нешто. Заедно може да креираме повеќе“

Следните 72 часа милиони корисници ги оставаа своите „отпечатоци“ на платното. Без генерален план, корисниците поделени во групи го креираа ова:

Најпрво со едноставни скици и сликичи. Наскоро сфатија дека за нешто позабележливо ќе биде потребно време и подобра организација. Прва идеја која го овозможи ова е грид-мапата, а прво дело на соработката на повеќе учесници е Dickbutt.  Наскоро, корисниците цртаа и пребришуваа и ги „освојуваа“ соседните слики.

Потоа се појавија и првите корисници на кои им стана здодевно, па се поделија и започнаа да играат. Ја поделија мапата на сини и црвени и започнаа да освојуваат со пиксели. Наскоро дел од првите илустрации започнаа да се пребришуваат. За чудо кога стигнаа до покемоните, „плавите“ решија да ги сочуваат. Place стана мирно место, барем кратко време.

На местото на логоата и илустрациите корисниците почнаа да цртаат државни знамиња. Германците како неколкупати во минатото ја „окупираа“ Франција, а ова не бепе единствен случај. Дел од илустрациите почнаа да се „јадат“ меѓусебно, и додека останатите се освојуваа, креаторите на текстот за „Darth Plageus the Wisе“ целосно го преработија својот дел за да зафаќа помалку место. Остатокот на Place беше во постојан конфликт.

Спасот дојде во неочекувана форма 4Chan. Членовите на 4Chan не можеа да издржат, а да не си поиграат со играчката на Reddit. Одбраа црна боја и се нарекоа „празнина“. Наскоро започнаа да ги голтаат сите илустрации во околината. Корисницте се обидуваа да се разберат со нив, но без успех. Токму ова беше потребно да се здружат сите и да почнат да соработуваат.

  „Но празнината јадеше се. Уметничко дело, по уметничко дело сите ги проголта хаосот.

А сепак токму ова беше потребно. Со уништување на уметноста, празнината направи повеќе простор за нешто подобро. Знаеа дека може да ги победат, но мораа да пронајдат некоја доволно добра идеја. Со доволно следбеници започнаа да го победуваат чудовиштето.

Идејата која им беше потребна беше американското знаме.“, вели Sudoscript.

Идејата на Reddit не е прв обид за соработка. Milliondollarhomepage поодамна на корисниците им овозможи за 1 долар да постават пиксел и да станат дел од интернет историјта. Сепак ова е прв екперимент со волкав обем и беше интересно да се види соработката помеѓу различни луѓе.

1 коментар на “Place, eдно платно и милиони цртачи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии