Pizza.com продаден за 2.6 милиони долари

>"Ова е лудост, чиста лудост" била изјавата за весникот The Sun на сега поранешниот сопственик на Pizza.com. На човекот очигледно не му се верувало дека благодарение на една некогашна мала инвестиција сега целиот живот му се сменил.

Крис Кларк го купил домен името со цел да ги понуди своите услуги на компанија која се занимавала со правење на пици, но за жал (читајте:среќа) предлогот не му бил прифатен па го задржал доменот за себе. Пред неколку години Кларк заедно со пријател се обидел да создаде веб директориум со листи на пицерии, но профитот бил значајно помал од трошоците па и оваа идеја пропаднала и незнаејќи што повеќе да прави со доменот го дал на интернет аукција.

Pizza.com бил продаден на анонимна е-аукција преку сајтот Sedo.com која завршила во петокот. Вредноста на овој домен е голема затоа што Pizza.com е уникатно, претпознатливо домен име на кое не му е потребен маркетинг за да привлече посетители заради самата популарност на зборот. Доменот исто така добива висок рејтинг на интернет пребарувачите заради својата ексклузивност.

Слични судбини во минатото имаа и домените Vodka.com, Jewelry.com, Books.com и голем број други, додека рекордна сума е постигната во 1999 година со продажбата на доменот Business.com чија вредност тогаш била проценета на 7,5 милиони US долари.

Бизнисот со продажба на домени е значајна работа на интернет и во последно време станува се попопуларен бидејќи постојат над 150 милиони регистрирани домен имиња, па така навистина е тешко да се дојде до нешто уникатно.

7 коментари на “Pizza.com продаден за 2.6 милиони долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии