Pixar ослободи уште една алатка за анимации

Пред нешто повеќе од една година, Pixar објави дека софтверот на кој се креирани дел од најголемите блокбастери RenderMan е бесплатен. Сега компанијата најавува уште една бесплатна алатка – Universal Scene Description (USD).

Алатката се користи за креирање на филмови за Pixar веќе 20 години, а со нејзина помош се креирани филмови од A Bug’s Life па се до Finding Dory. Верзијата на USD која ќе им биде достапна на корисниците бесплатно сепак не идентична со онаа која ја користат во студиото, но сепак ќе овозможува вгнездена direct 3D визуелизација преку Hydra, како и плагини за неколку видео ефекти. Освен ова софтверот ќе доаѓа со потполна дикументација и туторијали за новите корисници полесно да се снајдат и да започнат со креирање на сопствени анимации.

Сепак иако објавата за USD доаѓа сега сепак софтверот нема да биде достапен до летото 2016 година, но од тогаш сите кои започнуваат ќе имаат на располагање моќна алатка која се користи во најверојатно најдоброто студио за анимирани филмови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии