Пишувајте во Аtlantis Word Processor Lite

Кога се работи за програми за уредување текст, на располагање имате бројни избори и никако не мора да одите со платежни опции како Microsoft Office. Поодамна зборувавме за најдобрите бесплатни алтернативи на Microsoft Office. Изненадувачки, листата уште држи вода, а сега може да се прошири со уште еден предлог.

Аtlantis Word Processor Lite е едноставна алатка за пишување, која е извлечена од комерцијалниот брат без Lite во насловот. Алатката не троши многу ресурси и лесно може да се препорача за инсталирање на постари, односно послаби компјутери. Во поглед на видови документи, без проблем се справува со RTF, COD, DOC, како и DOCX.

Најновата четврта верзијае поддршка за таканаречените лебдечки слики. Иронично е тоа што оваа опција не е достапна во бесплатната верзија. Но, доколку ви се допадне програмот, би можеле да размислите и за користење на комерцијалната верзија, која чини 35 долари.

Main window of Atlantis Word Processor

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии