Пиратската партија влезе во Исландскиот парламент

Пиратската партија на Исланд на вчерашните избори освои 5,1 oтсто од гласовите со што си обезбеди место во тамошниот парламент. Пиратската партија е основана во 2006-та година во Шведска, а потоа се отворија и ограноци и во други земји. Својот најголем успех го имаше во 2009-та година кога освои две места во Европскиот парламент. Нивните главни цели се борбата против цензурата на интернет, заштита на слободата на говор и креирање на нови авторски права кои ќе функционираат во дигиталната ера.

Во текот на минатата година и Пиратската партија во Германија забележа значителни резултати откако освои дури 18 места во тамошниот парламент. Овие 5,1% во Исланд би требало на Пиратската Партија во Исланд да и донесат три седечки места.

Исландската Пиратска Партија е основана од Бирџита Јонсдотир која големо внимание доби откако беше објавено дека е поврзана со Wikileaks. Основачот на првата Пиратска Партија, Рик Фалквинг, во моментот е во Исланд за да ги прослави резултатити.

„Јас сум воодушевен секогаш кога во некоја држава ќе бидат избрани пиратите. Некои стари медиуми и индустрии сметаат дека ние сме фијаско. Ми се допаѓа кога тие приказни се искажани како пуста желба“ вели г. Фалквинг за TorrentFreak.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии