Но пиратите ќе бидат во позиција овие прашања да ги бранат и дискутираат во Европскиот парламент, прашања кои неодамна беа едни од клучните во договарање на условите за европските телекомуникациски реформи.

„Чувството е неверојатно. Граѓаните разбраа дека е време за промени. Постарите политичари го срушија животниот стил на младите луѓе дел по дел. Ние нема да дозволиме властите да спроведуваат масовно набљудување“ рече Рик Фалквинг, основачот на Пиратската партија.

200.000 шведски гласа се огромно достигнување на Пиратската партија која беше основана пред само 3 години во 2006. Неодамна објавивме интервју преземено од Wired со Кристиан Енгстром, член на партијата. Тој во тоа интервју рече дека без Европскиот парламент партијата тешко дека ќе продолжи да функционира.

„Ако не успееме да влеземе во Европскиот парламент, иднината на Пиратската партија е мрачна. Сето наше планирање се базира на тоа ние да одиме во Брисел“. рече г-дин. Енгстром.

Главна улога во нивниот успех одигра судењето на The Pirate Bay, сајт за споделување на пиратерија кој е популарен во Шведска и останатите европски земји. Откако ТPB беа осудени, бројот на членови на Пиратската партија се зголеми трипати на околу 50.000 члена со што станаа трета најголема партија во Шведска, а нивната млада партија е најголемата млада партија во скандинавската земја.

Инаку во Германија на европските парламентарните избори се појави и германската Пиратска партија која исто така се бори за легализација на споделувањето на фајлови. Но за разлиука од шведските колеги тие освоија само 1 отсто од гласовите, што не беше доволно за место во Европскиот парламент. Но и покрај тоа Анреас Поп, лидерот на германските пирати, беше среќен од исходот.

„Ова е првиот пат што се тркавме за место во Европскиот парламент. И иако многу од гласачите не не знаеја, добивме одличен резултат. Ова значи дека многу граѓани се идентификуваат со нашите цели.“ рече г-дин Поп.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии