Пиратите го користат YouTube за да хостираат порнографија

Познат пропуст им овозможува на пиратите да хостираат порнографија на YouTube. Серверите на YouTube се злоупотребуваат со хостирање на приватни видеа кои понатаму се поставуваат на сајтови.

Пиратите ги закачуваат овие видеа на YouTube, но ги означуваат како приватни. На платформата овие видеа не можат да бидат пронајдени, бидејќи не се јавуваат при пребарување со што им овозможува на пиратите да го прескокнат автоматското отстранување, јави Torrent Freak.

„Има голема дупка во YouTube. Пиратите го злоупотребуваат приватното споделување на содржина. Тие закачуваат и чуваат видеа, а потоа слободно ги споделуваат на трети страници, за да заработат.“, велат од агенцијата Dreamroom.

За пиратите ова е евтин простор за чување на видео и споделување на порнографија. Содржината кога е прикачена на овој начин се отстранува единствено кога сопствениците или некој друг ќе ја пронајде и ќе ја пријави на Google. Ова најчесто е по неколку недели. Google во извештајот за транспарентност објавува дека од GoogleVideo.com отстранува илјадници содржини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии