Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales на торент пред премиерата

Последниов месец повеќе серии и филмови имаат премиери на торент отколку на телевизија. Најнова жртва е студиото Disney, и според непотврдени извори, продолжението на Пиратите од Карибите. Хакери дојдоа до копија на филмот и бараат од студиото откупнина. Доколку не им биде исплатен откупот се закануваат дека ќе го споделат филмот на торенти пред премиерата, јави Reuters.

Хакерите се закануваат дека додека не биде исплатен откупот, ќе започнат да споделуваат делови од филмот, со времетрање од 20 минути. Неодамна опасноста од хакерите ја видоа и куп студија кога поголем број на серии и филмови беа споделени на торенти.

Од Disney не потврдија за кој филм станува збор, но веќе имале состанок со Федералното истражно биро. Студиото објави дека нема намера да ја исплати сумата која е превисока. Засега нема информации за тоа како филмот дошол во рацете на хакерите. Во претходниот напад хакирана е продукциска куќа, а одговорноста за нападот ја презема хакер со псевдонимот The Dark Overlord.  Нема потврда за било каква поврзаност на претходните напади со овој.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии