Пет македонски проекти се меѓу 50-те финалисти на Pioneers of the Balkans

Image courtesy of Unsplash

На големото финале на Pioneers of the Balkans кое ќе се одржи на регионалната конференција Balkan Venture Forum на 3-4 декември во Загреб; ќе има 50-тина балкански стартапи кои ќе си ги одмерат силите, т.е. презентациите пред стотина инвеститори и искусни претприемачи. Меѓу финалистите, има и 5 македонски стартапи и проекти:

Се чини дека ниедно претставување на технички стартапи во регионов не може да помине без креаторите на паметното капаче за гориво Fueloyal. Стартапот со своето решение Fuel Cap (iCap 1000) ќе се обиде да надмине еден од проблемите кои го имаат превозниците – преголемата потрошувачка на гориво. Со оглед на тоа дека кражбата на гориво се проценува на 40 милијарди долари годишно, Fueloyal може да реши навистина скап проблем.

Меѓу финалистите е и паметниот асистент MarkO на Codewell. MarkО e локациски потсетник кој ќе ве потсети да завршите некоја работа кога сте во близина на некој објект, на пример може да ве потсети да купите млеко кога сте блиску до продавница или аспирини кога сте во близина на аптека. Дополнително МаркО може да се синхронизира на повеќе профили кои можат да ги споделат задачите, вклучувајќи ги и паметните часовници со Android Wear.

benefit-1

Големо и пријатно изненадување е што на Top 50 листата се најде и македонската продавница за компјутери и ИТ опрема. DDcom освен продажба нуди и хостинг, но и изработка на софтверски решенија. Четврти стартап кој го препознавме меѓу финалистите е Esenso – проект за Интернет на нештата, кој нуди PaaS и SaaS решенија за современите паметни уреди. Основачот на проектот е Игор Стаматовски, кој е говорник на TEDxSkopje чија тема е токму Интернет на нештата.

Интересно, најдовме уште еден стартап кој не е македонски, но е поврзан со Тетово. Allbatron е всушност стартап од Словенија и креатор на апликацијата Lyra Wallet која е специјализиран сервис за плаќање во универзитетите. Иако стартапот не е македонски, нивниот прв проект веќе се реализира на Државниот универзитет во Тетово.

Стартапите кои се најдоа во најдобрите 50 имаат навистина одлични идеи за различни услуги: од едукација, интернет на нештата, апликации кои го поедноставуваат секојдневието, па сѐ до стартапи кои својата реализација ја гледаат во виртуелната реалност. Но, на крај мора да има еден победник. Во исчекување сме на Balkan Venture Forum и финалето на Pioneers of the Balkans за да видиме кои од 50-те финалисти ќе им се придружат на Nordeus, iVote и Bellabeat кои се помеѓу најуспешните стартапи од регионот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии