Pinterest пренасочува повеќе сообраќај од Twitter

Новата и се-популарна друштвена мрежа Pinterest пренасочува повеќе сообраќај од конкурентниот Twitter, се вели во истражување на алатката за споделување Shareaholic. Податоците за пренасочениот сообраќај „refferal trafic” се земени од 200.000 издавачи кои имаат вкупно 270 милиони уникатни месечни посетители.

Ова се неверојатно статистики кои го истакнуваат потенцијалот на Pinterest, две години стар сервис со околу 20 милиони корисници кои закачуваат купишта интересни нешта наменети, пред се, за активната женска публика. Тоа што е уште поинтересно е што Pinterest е сè уште бета сервис каде може да се отвори профил само по покана.

Иако претходно се покажа дека Pinterest ги надминува Google Plus, LinkedIn и YouTube во преносочениот сообраќај, вели Shareaholic, сепак мора да се земе во предвид дека „дигиталниот колаж“ на Pinterest е главно сервис за споделување на линкови и фотографии кои се наменето да ги пренасочат корисниците до оригиналните сајтови.

Pinterest иако е поблиску до Twitter во концептот да биде платформа за споделвуање линкови, сепак Twitter има една голема предност, а тоа е можност за брзо објавување вести што се покажа како доста влијателен фактор кон промовирање на оваа мрежа.