Pinterest e трета најпопуларна друштвена мрежа по Facebook и Twitter во САД

Знаeјќи ја популарноста со која се здоби Pinterest во последниве неколку месеци, дури и претседателот на САД Обама отвори свој профил, можеби е и малку очекувано што оваа две години млада друштвена мрежа се искачи да биде трета најкористена друштвена мрежа веднаш зад Facebook и Twitter. Иако овој раст на Pinterest најмногу се забележува во САД, нема воопшто да не изненади ако трендот се пресели преку Атлантикот и мрежата со интересни фотки стане хит (ако не е веќе) и во Европа, па и во Македонија.

Статистиката на Pinterest покажува дека успехот на мрежата допрво ќе следи. Оваа забавна друштвена мрежа на која се пинува пренасочува повеќе сообраќај од Twitter и YouTube благодарение на активните 20 милиони активни корисници кои поминуваат по 98 минути месечно на мрежата, што е помалку само од Tumblr и Facebook.

Оваа ново достигнување на Pinterest е истакнато во извештајот за друштвените мрежи на Experian во кој се вели дека во САД 91 отсто од возрасните корисници се активни на друштвените медиуми, и дури 15 отсто од сите интернет посети се на друштвени сајтови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии