Pillars of Eternity 2 ќе има три експанзии

Pillars of Eternity 2: Deadfire сеуште не е излезена, а веќе се зацртаа огромни планови за играта, простирајќи се низ три содржителни проширувања.

Основната игра ќе излезе на 8.мај и ќе го прошири урнекот од првата игра со часови и часови богато RPG искуство, впечатлива приказна која се расчленува во зависност од вашите одлуки и комплексни борбени механики. Но, развојното студио не сака да ве остави само со тоа и планираат етапно проширување набргу по излегување на основната игра.

За јули се планира првата екпанзија. Beast of Winter ќе ги отвори портите на мистериозна димензија која е населена со древни души и пополнета со исцрпувачки предизвици. За септември е планирано второто проширување, кое ќе се вика Seeker, Slayer, Survivor, а ќе понуди мисија само за најголемите воини на Еора. Од она што ние можевме да разбереме од скромниот опис, се работи за експанзија која ќе ги стави битките на преден план. Во длабоката есен ќе можеме да ја очекуваме и третата експанзија. The Forgotten Sanctum е тест за верност и морални вредности, замотани во приказна за големите волшебници на Еора. За сите еспанзии, студиото ветува незаборавна и крајно нелинеарна приказна, со огромна вредност на преигрување.

Секоја од трите експанзии ќе се продава по 10 долари. Сезонската пропусница, меѓутоа, ќе чини 25 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии