Raspberry Pi го претстави најмалиот компјутер во светот од 5 долари

Image courtesy of Raspberry

Pi Zero чини само 5 долари и е два пати помал од банкнота. Но, може да биде испрограмиран! Можеби е поспор од поголемите (и поскапи!?) модели на Raspberry Pi кои чинат од 20 до 35 долари, но Pi Zero е доволно моќен за да се користи за кул работи – од мини-модул во роботика и платформа за контрола на уредите во домот, до најчестата примена како алатка со која учите да програмирате.

Иако изгледа неверојатно мала плочката со димензии од 65mmx30mmx5mm, Raspberry успеа во неа да смести 1GHz ARM процесор, 512MB LPDDRS SDRAM, слот за micro-SD, mini-HDMI со поддршка за Full HD од 1080p. Raspberry Pi Zero работи на Rаspbian и доаѓа со апликации како Minecraft и Sonic Pi.

Минијатурниот компјутер е пуштен во продажба во САД и Британија, и најверојатно ќе може да го најдете на други хардверски продавници кои испорачуваат во Македонија. Но, малата цена за фантастичен уред значи дека Raspberry Pi се распродава веднаш. Веќе се продадени над 7 милиони Raspberry Pi модели ширум светот, и нема сомнеж дека новиот Pi Zero може да ја дуплира таа бројка, иако од компанијата велат дека целта им е да го поттикнат интересот на младите во компјутери и програмирање, а не да направат профит.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии