Photo Wake Up: Анимација од само една фотографија

За креирање на анимација потребни се неколку слики кои потоа се спојуваат во кусо филмче или анимирана слика. Ова важеше пред Photo Wake-Up, сега по сè изгледа доволна е една слики и со помош на алгоритам се креира анимација.

Алгоритамот е дело на Чунг-Ки Венк, докторант на Универзитетот во Вашингтон. За што всушност станува збор може да погледнете во видеото, но без сомневање е импресивно.

Алгоритамот креира 3Д објект од 2Д слика. Потоа врз овој објект ја лепи сликата и креира 3Д скелет. Она што е дело на тимот кој соработува е технологијата која ја „сече и лепи“ 2Д текстурата врз 3Д скелетот.

„Веруваме дека методот не само што овозможува нов начин на кој луѓето ќе уживаат и ќе прегледуваат слики, туку и ќе предложи патека за креирање на виртуелен аватар, од единствена слика“, вели г. Венг.

Се чини дека е потребно многу малку доработување за технологијата да биде сосем исполирана. Сепак она што може да го видиме без никакво сомневање е импресивно.

Повеќе прочитајте на Technology Review.

1 коментар на “Photo Wake Up: Анимација од само една фотографија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии