Pew Research: Како друштвените мрежи ги променуваат вестите

Facebook и YouTube ги предводат друштвените медиуми како главен извор на информации, вели Pew Research Center во интересна анализа за како новите медиуми ги променуваат вестите – од начинот на како ги конзумираме до вклучување во публиката во дистрибуција на информацијата.

Како што традиционалните медиуми преминуваат во дигитални, така друштвените медиуми стануваат се позначаен фактор во креирање на содржината и интеракција со читателите, вели Pew Research. Дури 64 од американските возрасни корисници го користат Facebook за да најдат вести. Во друг контекст, тоа се 30% од севкупната популација во САД. YouTube е втор на листата по влијание, со 10 отсто од возрасните Американци кои гледаат информации преку објавените видеа. Тоа што е важно кај друштвените мрежи е што корисниците се активни и ја споделуваат информацијата. Па, често интеракцијата на корисниците допринесува некои вести да стигнат до поголема публика и да станат влијателни теми, дури и да резултираат во нови вести и информации.

Нo, Facebook не треба да се сфати како најважна платформа за дистрибуција на вести и генерирање публика. Една статистика покажува дека корисниците кои доаѓаат од Facebook на сајтовите се задржуваат четири пати помалку време, и прегледуваат пет пати помалку страни, отколку читателите кои пристигаат на сајтот преку директен линк или преку пребарувач. Ова е клучна информација за сајтовите кои сакаат да изградат лојална публика, вели Pew Research, повикувајќи се на податоци од comScore.

Друга маана на масовната публика на Facebook е што е повеќе заинтересирана за забавни вести, вести од настани, спорт и политика, отколку вести од технологијата и бизнисот. Според истражувањето, просечниот Facebook корисник разгледува до шест различни теми, но само 28 отсто од корисниците на Facebook го користат сајтот за да останат во тек со најновите вести. Тоа се чини е работа на Twitter кој е далеку побрз. Pew Research вели дека иако друштвените мрежи, посебно Facebook и Twitter, се добри платформи за дискусија на содржина, сепак корисниците не сакаат да дискутираат за критични вести, пример, за интернет прислушувањето и аферата која беше обелоденета од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден можеби е најдобро да се зборува дома, лице во лице.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии