Петнаесетгодишник направи 100.000 долари од биткоини со кои започна едукативен стартап

Петнаесет годишниот Ерик Финман ги искористи 1.000-те долари подарок од баба му за да купи биткоини во 2012 година, кои по една ипол година, се искачија на вредност од 100.000 долари. Ова мало богатство тинејџерот го искористи за да започне едукативен стартап Botangle.com со кој нуди онлајн подучување. Веќе има 20 подучувачи и стотина корисници на сервисот, кој пред се е наменет за средно образование, а може да се користи како надополнување на образованието.

„Ја прочитав ‘Без нивна дозвола: Како ќе биде направен 21-от век, не менаџиран’ од Алексис Оханин, и книгата ме научи дека можам да напрам се користејќи го Интернет… Сакав да ја донесам убавината и отвореноста на интернет за луѓето како мене да можат да добиат пристап до подобро образование, без разлика дали се од руралното Ајдахо, Њујорк или дури Африка“, вели Ерик за Mashable.

И покрај младоста Ерик Финман не е неискусен кога е во прашање подучувањето. Уште од девет години ги подучувал постарите деца за роботика и програмирање. Покрај ова тој користи дел од курсевити кои ги нуди неговиот сервис за да го надополни своето знаење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии